Glasanje: За збирка или не?
Nemate dozvolu da glasate u ovom glasanju.
За
100.00%
4 100.00%
Не
0%
0 0%
Ukupno 4 glasov(a) 100%
* Vi ste glasali za ovu ponudu. [Prikaz Ishoda]

Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Предлог - Збирка
#1
Читајќи и пребарувајќи по форуми и слушајќи некои легенди/приказни, некои со докази некои без, добив мотивација да направам збирка на се што е постигнато до сеа. Јас за разлика од вас не сум истражувач али некој си на терен работник да тражам знаци али мапи али информации и слично. Мене ме интересира когај, како и зошто на тоа што до сега е најдено, безразлика дали е вродено со плод али не. За пример би го издвоил тој на Дорјански когај копал на границата меѓу Македонија и Грција каде што нашол некоја плоча на некој генерал(Чив генерал бил, како загинал, зошто таму го закопале  и слично)Посебно младите а и постарите личности ги интересираат тие мистерии.Би рекол дека сакам да бидам колекционер на мистерии. На кратко ме интересираат вашите авантури, ако знаете на пример кој зошто и како и когај скрил/закопал нешто, вашите авантури до таму, впечатоци... Би било интересно да се направи една збирка, да се означат локалитетите, на крај краева и мислења за одредени места, макар и да било ископано и е очистено и пројдено милион пати би било интересно да се знае. Ако има некој похрабри, како што рече Дорјански 3 пати нашол мали количини. Какви турски, римски, и слично. Знам дека на поголемиот дел од Вас не ви е во план било каква соработка бидејќи како што прочитав претходно, некој си има конкуренција за одредени локации некој мисли дека погрешно е упатен, некој има погрешни мапи, некој нема опрема и слично. Мене ме интересира се што се десило, не што планирате за во иднина. Не сум сигурен дека ме разбирате така да би било од помош било каков коментар. Бидејќи имам милион прашања за многу  работи што ги прочитав на овој форум почнувајќи од Кфор, па се до Поп Мартин, воденици и слично. Општи ствари кој најверојатно повеќето од вас ги знаат.
Немајќи волја и време, бркајќи други идеи и сонови, едноставно јаз немам време да ви бидам било каква конкуренција за вашите авантури, али би сакал па некако да ги обележам да не бидат, ни вие ниту локалитетите забраени од времето.
За да подбуцнам малце би ви отворил неколку теми на размислување. Бидејќи имам такви корени, па и таква среќа до сега сум се сретнал со неколку мистерии кој можеби некој од вас ден денеска ги ловат. Потекнувајќи од големи војсководци кои долги години воделе војни и дале големи жртви за денеска Македонија е тоа што е, би почнал од мојот Преспански корен. Имено ако загледате на 50 денарката има слика од Св.Архангел од Село Курбиново. Локација на која опстојува манастир многу години и мистерија која до ден денеска не е решена. На кратко пра пра пра пра дедо мој бил одговорен за таа црква. Како главен претставник на селото, на неколку пати се борел со турците и на неколку пати е горено до темел селото за на крај селото се спушти секој пат подоле од планина. На крај е он убиен од страна на Турците како несреќен случај за да не избие незадоволство меѓу локалното население. Неговиот син по неколку години го одмаздува, го убива локалниот ага со тоа што го собира него со целата негова фамилија на скеле, ги врзува со синџири и заедно со богатството кој го поседувал он го потопува скелето на средина на Преспанското Езеро со тоа што ја удавува неговата цела фамилија. За да не не се одмаздат турците на селото он со неговите соучесници бега во Пиринска Македонија и се придружува на тамошната чета за борба за ослободување на Македонија. Оставајќи информации неговиот син за локацијата на местото каде што ги потопил турците. Синот негов го собира златото и го закопува на 7 различни локации во Преспанската околина, правејќи 4 мапи, кој ги поделува на своите 4 синови. Еден од синовите за време на Југославија го одкрива локалитетот на државата под одредени услови, и станува министер на тогашна Македонија. Дедо му негов, па е прогласен за државен непријател бидејќи се борел на страна од Бугарските чети ( тој што ги потопил турците ) и му е забранет влез во тогашна Македонија. Во тајност он влага со помош на синот што бил министер зема, дел од златото и 2 сина и се преселува да живи во Бугарија( на идење назад од Бугарија си зел во шамивче земја на 85 годишна возраст), неговите внуци и ден денеска се богати(стануваат бугари). Синот кој станал министер се сели и живее во Белград( станува србин)додека мојот пра дедо најмладиот од 4тите сина останува дома со неговиот дел од мапата и од богатството што останало. Бидејќи сме имале воденица која ден денеска седи многу од вас авантуристите мислеле дека е таму и копале. Македонија како држава во два наврати пробала да го најде мислејќи дека е на територија околу манастирот ( земја која ја поседува мојата фамилија) пробаја наводно да изградат вештачко езеро кај кое што остана голема дупка и ништо појќе. Ах да заборавив да напоменам како одговорни за тој манастир генерацијски се вложувани пари од тоа злато за да се поправи али освежи нешто за манастирот. Од тоа што му останало пра дедо ми го разделил на неколку различни места по едно грне на една локација вкупно 5 локации има симболика која не би сакал да ја разоткријам. Од тиа 5 до сега се најдени само 2, за останатите уште се трага, само за тиа што мислат дека е во манастирот, не е, така да би било пожелно да не копате како пред некоја година кога се копаше и уништуваше на самиот манастир. За останатите 3 дела постои мапа т.е. 3 мапи кој се разделени, дедо ми мој имаше мапа по наследтво и ја преврте цела Баба планина,едно од богатството е наводно скриено во близина на првобитното село пред турците да го запалат, во родната куќа на пра пра пра дедото мој, ден денеска не се ни знае ни локалитетот, другото богатсво е скриено по патот на Виа Игнација, а третото во бунар кој е затворен, за бунарот знам дека се 3 магарешки товари. Дедо ми имал мапа кој ја скрил од родната куќа на неговиот пра дедо кој никогаш не ја нашол. Ете ви една мистерија за разрешување. Инаку другите 2 се најдени од локалното население двете наоѓања се на среќа. Едното за време на корнење стара круша друга за време на коњска кола која нагазила на камен(пат) кој се подигнал. Уште еден интересен детаљ Децата на Сонцето е делумно правено по таа дешавка:[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=gmBYjaHrkBI[/youtube]
Успат ако некој добие мотивација да ја истражува Баба внимателно има многу бункери и мини од 2ра светска горе. Инаку прадедо ми ги немал наменето тие пари за неговата фамилија туку ги чувал за манастирот. Дедо ми тражел али не нашол, а сеа се изгубени со текот на времето. Речено му било когај ќе му притребало ќе најдел свое. Е сеа дека мене школото не ми е такво ја во бабини деветини не веруам, али когај се преселил, таму каде што живееме сеа когај почнал да копа и да прае темели за новата ќуќа 70 и некоја најде турско грне со дукати, од тие пари е напраена куќата сегашна. Што е поинтересно и ме мотивираше да ви пишам е пред некој ден во комшилукот дојдоја Турци од Турција да си одкопаа грне во дворот закопано пред 50 - 60 години, си го одкопаја и си го зедоја. Куќата каде што е праена била дел од комплекс на агата, сеа кој град како што не ви разоткривам, али може да се каже дека е во центар. По толку многу години испадна дека дедо ми куќата ја изградил врз комплекс простории кој со години се затворени и господ знае се што кријат. Турците од Инстабул што беа рекоја дека само дел припаѓал на нив и го одкопаја тоа што било нивно, другото е во дворот и во подрумот на куќата од дедо ми. До сеа идеа на неколку наврати и прошли години странци со каква не ти апаратура нудејќи добри пари само за да копаат али дедо ми не ги пушти. Наводно когај викнал он оџа со брашно/пепел нешто им излагало и не смееле, како да е наменето за некого. Ете ви уште една мистерија, сеа ме интересира што мислите за збиркава? Успат имам уште неколку мистерии за вас али ме интересира првобитниот comeback на овие информации  Smile
Odgovori
#2
kolega imam slusano za prikaznava za vodenicata za manastirot i vo okolinata na seloto ima simboli a isto taka i na baba planina znam nekoj siboli
Odgovori
#3
Работава не е приказна туку е стварна дешавка. Старото село е над денешното не многу високо во планина. А што мислите за збиркава? Би се нафатиле да споделите некој приказни? Успат да прашам има некој со опрема што скенира појќе од 2 метра, налетав на нешто на домашен имот што е градено на градба од старо турско. Гледам дека повеќето од вас читаа али никој не одговара ништо???
Odgovori
« Starije Teme | Novije Teme »


Skoči na Forum:


Korisnika pregleda ovu temu: